Lifestyle
ВО ЈУНИ СЕ ОТВОРА НАЈВИСОКИОТ МОСТ ВО СВЕТОТ
16.04.2025
Во јуни во Кина ќе биде отворен највисокиот мост во светот. Мостот на Големиот Кањон Хуаџијанг се наоѓа областа Гуиџоу, југозападна Кина, објави Си-Ен-Ен.
Мостот ќе биде 625,14 метри над нивото на реката, односно 288,64 метри повисок од моментално највисокиот мост Вијадукт Мијо во Франција.
Според државните медиуми, тоа ќе го скрати времето на патување низ Големиот кањон Хуаџијанг од два часа на само една минута.
Изградбата на челичниот висечки мост со вкупна должина од 2,9 километри започна на 18 јануари 2022 година и се очекува да биде завршен на 30 јуни 2025 година, објавија локалните медиуми во Гуиџоу.
Носечките решетки тежат околу 22.000 тони, што е еквивалентно на „тежината“ на три Ајфелови кули, пренесува Еуроњуз.
фото илустрација