Lifestyle
ГЕРМАНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ХРАНА ЗА МИЛЕНИЧИЊА!
17.04.2025
Германските домаќинства минатата година потрошиле повеќе од седум милијарди евра за своите миленици, се наведува во најновиот извештај на Здружението на индустријата за миленици (ИВХ).
Повеќе од 30 милиони домашни миленици живеат во германските домови, а вкупниот промет во 2024 година достигна импресивни 7 милијарди евра. Тоа претставува мало зголемување во споредба со 6,8 милијарди во 2023 година.
- Пазарот за нега на домашни миленици се развива стабилно, изјави Георг Милер , претседател на ИВХ, пренесува ДПА.
Најголем раст е забележан кај продажбата на храна за мачки, која се зголеми за 3,5 отсто и изнесуваше 2,3 милијарди евра. Трошоците за храна за кучиња се намалија, но вредноста достигна 1,8 милијарди евра.
Граѓаните во Германија чуваат околу 34 милиони кучиња, мачки, глодари и птици. Во овој број не се вклучени аквариумските риби и егзотичните животни како што се влекачите.
Најмбројни се домашните мачки со 15,9 милиони, додека има околу 10,5 милиони кучиња. Речиси половина од домаќинствата во Германија (44%) имаат барем едно домашно милениче.
Поради општата економска неизвесност, Германците го намалија купувањето додатоци и играчки за своите миленици. Продавниците за производи наменети за миленичиња забележаа пад на прометот во 2024 година, на 1,1 милијарда евра, пишува Бизнис.рс.
фото freepic