Општество

Амбасадата на Јапонија отвори повик за доделување стипендии за додипломски или истражувачки студии

17.04.2025

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија објави повик за доделување студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија.

Како што денеска соопштија од Амбасадата на Јапонија, кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16-ти мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни.

За повеќе информации за стипендиите на страната на амбасадата https://www.mk.emb-japan.go.jp/itprtop_en/index.html 


Izvor MIA

Фото: Амбасада на Јапонија

ПРЕПОРАЧАНО