Економија

ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА МОЖЕ ДА ЈА ИЗБЕГНЕ РЕЦЕСИЈАТА, изјави Кристалина Георгиева, директорка на ММФ

Глобалната економија најверојатно ќе ја избегне рецесијата наспроти забавување на растот предизвикан со воведување на царините од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

- Трговските бариери имаат своја цена, изјави Георгиева пред новинарите во Вашингтон, додавајќи дека ММФ сега очекува значајно намалување на прогнозите на растот, но не и рецесија.

ММФ во својот претстоен извештај за светската економија, кој ќе биде објавен во вторник, ќе ја ревидира својата претходна прогноза за глобалниот раст од 3,3 отсто за 2025 и 2026 година.

Георгиева ги повика сите земји да ги „средат своите економии“, меѓудругото и со постепено прилагодување на своите фискални политики заради намалување на нивото на долгот и одржување на „веродостојна“ монетарна политика со силна посветеност на независните централни банки, пренесува Вијести.ба.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО