Lifestyle
ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ ЧОКОЛАДОТО СТАНУВА ЛУКСУЗ!
22.04.2025
Во март цените на кондиторски производи во Германија биле за 16,7 отсто повисоки отколку во истиот месец минатата година, објави Германскиот завод за статистика.
Најзначајно зголемување на цените е забележано кај чоколадите (+25 отсто). Цените на другите чоколадни производи се исто така значително повисоки (+11,1 отсто), пишува Дојче Веле.
Во март годинава имаше мало намалување на цената на гумите за џвакање, гумените бомбони и слични производи.
За споредба, цените на храната во Германија се зголемија за три проценти во однос на истиот период.
Причините за овие зголемувања на цените се првенствено климатските промени. Лошите жетви влијаеја на цените на какаото во последните години, пренесува Бизнис.ба.
фото freepic