Lifestyle
Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината
23.04.2025
Прелиминарните планови за Меѓународната станица за истражување на Месечината, кои заеднички ги развиваат Кина и Русија, вклучуваат изградба на нуклеарен реактор на површината на Месечината, покажа денешната презентација на Пеи Жаоју, главниот инженер на кинеската мисија „Чанг'e-8“ планирана за 2028 година
Презентацијата покажа дека енергетскиот систем на идната база, освен на нуклеарна енергија, може да се потпира и на големи соларни панели кои ќе се инсталираат на површината на Месечината.
Мисијата „Чанг'e-8“ претставува клучен чекор во амбициозниот план на Кина за изградба на постојана човечка база на Месечината. Кина, втората по големина економија во светот, планира да стане водечка сила во истражувањето на вселената до 2030 година и да испрати астронаути на Месечината.
Извор/фото МИА