Lifestyle
КОИ ЖИТЕЛИ ВО ЕУ НАЈМНОГУ ЧИТААТ КНИГИ И ВЕСНИЦИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ?
24.04.2025
Во 2024 година, 14,7 отсто од жителите на Европската Унија купиле печатени книги, списанија или весници преку интернет, додека 6,8 отсто преземале е-книги или аудио книги, објави Евростат.
Најголемо учество на жителите кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет е забележан во Ирска (28,3 отсто), Холандија (23,5) и Луксембург (22,7).
Најниско учество е забележано во Кипар (2,0 отсто), Латвија (3,8) и Романија (5,3).
За е-книги и аудио книги, најголем удел е забележан во Ирска (22,3 проценти), Данска (19,7) и Луксембург (13,3), додека најнизок удел е забележан во Бугарија (1,8) и Романија (2,6).
Во три земји од Европската Унија (Данска, Кипар и Финска), уделот на населението што купувало е-книги и аудиокниги го надминало учеството на печатените книги.
фото freepic