Lifestyle
ВРАБОТЕНИТЕ ГИ ЗАКЛУЧУВААТ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ НА ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТНИОТ ДЕН!
24.04.2025
За многумина работници не е прифатливо да имаат работно место во компанија во која не може да го користат мобилниот телефон. Но, за вработените во една компанија во Митерсил во австриската покраина Салцбург, веќе цела деценија тоа не претставува никаков проблем.
Компанијата го вовела правилото според кое на почетокот на работното време вработените задолжително ги заклучуваат своите приватни мобилни телефони во шкафчиња.
- Кај нас, секој добива свој телефонски број, на кој може да води приватни разговори. На располагање се фиксни телефони во секоја сала за состаноци и на секоја маса, а тие се користат и за приватни разговори. Тие не создаваат зависност, како мобилните телефони, објаснува раководителката на кадровската служба на оваа компанија во разговор за австриски дневен весник.
Забраната за користење на мобилни телефони на работното место произлегло од лошото искуство со една жена од вработените, која била зависник од користење на мобилен телефон.
Тоа било причина компанијата интензивно да се посвети на темата за зависност на работното место. Преку разговори и терапевтска поддршка вработената успешно ја завршила својата пракса во таа компанија дури и без да го користи мобилниот телефон, пренесува Телеграф.
фото freepic