Lifestyle

МАЛТА ДА ПРЕКИНЕ СО ИЗДАВАЊЕ НА „ЗЛАТНИ ПАСОШИ“, пресуди Европскиот суд на правдата

Европскиот суд на правдата  ѝ наложи на Малта да ја прекине својата програма за „златни пасоши“, што значи  и  прекинување на комерцијализацијата на издавањето државјанство, кое е  во спротивност со законите на ЕУ.

Малта во рамките на програмата што им овозможува на богатите да купуваат  државјанство на ЕУ, не ги исполни своите обврски кон ЕУ, изјавил судијата на судот во Луксембург.

Судот потсетува дека секоја членка на Унијата е слободна да ги одреди условите под кои доделува или одзема своето државјанство и дека оваа слобода мора да се остварува со почитување на правата на Европската Унија.

Во 2020 година, Европската комисија започна постапка против Малта и Кипар во врска со нивните програми за златни пасоши.

Откако Кипар во 2021 година и Бугарија во 2022 година ги завршија своите програми, Малта беше едно од последните упоришта во широко прифатената шема низ ЕУ.

Повеќето земји од ЕУ ги суспендираа своите програми поради поврзаност со кризата со домувањето во Европа, стравот од потенцијал за криминал, корупција и перење пари.

Оваа пресуда доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе виза „златен билет“ со потенцијален пат до американско државјанство за пет милиони долари, пренесува Нова.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано