Општество
ДЗР со неповолно мислење за финансиското работење на Клиниката за хематологија
22.05.2025
Со ревизијата, како што е посочуваат од ДЗР, било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2017 година, при што било утврдено дека од дадените пет препораки, три се спроведени, една е делумно спроведена и една препорака не е спроведена.
- Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Клиниката за 2023 година утврдено е дека примените и потрошените лекови за ретки болести и лекови од донација не се евидентирани во сметководствената евиденција; во дел од спроведените постапки за јавни набавки констатиравме несоодветна примена на Законот за јавните набавки и - не хронолошко плаќање на преземените обврски, велат од ДЗР.
Во насока на надминување на утврдените состојби ревизизорите дале препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.
Во делот на Останати прашања ревизизорите известуваат за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост.
- Во делот пак на Недостатоци во внатрешни контроли е известено за слабости во контролите во дел од работните процеси во Клиниката. Од страна на поранешните раководни лица на Клиниката доставена е една забелешка, која претставува образложение за причините за утврдените состојби во Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор, информираат од ДЗР.
Извор/фото МИА