Општество

„Биди суперхерој за животните“ - хуманитарна изложба во Зоолошката градина

23.05.2025

Во Зоолошката градина во Скопје утре ќе се одржи хуманитарна изложба под мотото „Биди суперхерој за животните“.

Како што најавуваат од Зоолошката градина, посетителите ќе имаат можност да ги видат уметничките дела кои студентите на Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликале на лице место во скопската зоолошка, инспирирани од животните и природата.

- Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје. Ве покануваме заеднички да се дружиме на делот кај бината и игралиштето веднаш после влезот во Зоолошка градина Скопје, посочуваат во нивното соопштение.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано