Општество
ВО ФОКУСОТ БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ И ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ НА ПЕТ СТОЛБА, ова е новата здравствена програма на новиот министер за здравство Азир Алиу
15.06.2025
Новиот министер за здравство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.
Алиу посочи дека ќе се фокусира неколку клучни насоки и тоа спроведување на програмата 2024 – 2028, решавање на наталожените проблеми од изминатите години и воспоставување нова култура на стратешко и долгорочно планирање во Министерството со акцент на Националните стратегии како суштински документ, со цел, како што посочи да се изгради стабилен, политички независен здравствен систем.
- За да ги реализираме овие цели ќе градиме систем базиран на пет столба што ќе го трансфорираат здравсвото во поправееден и поефикасен сервис за граѓаните. Ќе изградиме мапа на здравствени потреби по региони и по општини што ќе покаже каде недостигат здравствени работници опрема или функционални центри. Вториот столб - транспарентност и отчетност во здравствените услуги, ќе креираме платформа за следење на перформансите на здраствениот ситем, секој граѓанин ќе има можност да види каде се третира побрзо каде резултатите се најдобри и каде има потреба од унапредување. Третиот столб е професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, секојдневно ќе го зајакнуваме обучувањето на лекарите и медицинските сестри, и јасно ќе ги разграничиме клиничките од менаџерските услуги. Четвртиот столб е одржливо финанисирање и фокус на превенција. Ќе го напуштиме слепото финансирање, болниците ќе бидат поддржани според популацијата што ја покриваат и резултатите што се постигнуваат ќе ги следиме во реално време, и дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем, рече Алиу.
Тој ја најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“, со која секој граѓанин којшто има над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други. Истакна дека ова ќе се спроведе на тој начин што ќе има онлајн платформа на којашто граѓаните ќе можат да се пријавуваат.
Алиу воедно рече дека Кочани е во фокус на неговото работење и најави дека утре ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани а во наредните денови и со граѓаните во Кочани со цел да ги увиди нивните реални потреби.
- Дефинтивно Кочани ни е во фокус има работна група во Влада, исто така и ние имаме работна група во Министерството ние овие денови ќе бидеме во Кочани нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Утре имам и средба со директорката на болницата во Кочани затоа ќе почнам од таму. Од прв ден видов дека како Министерство немаме работна група за менаџирање со кризни ситуации и веднаш креирав активности за тоа да се случи и ќе видите дека наскоро за месец дена ќе имаме работни групи за сите можни катастрофи - дали природни или предизвикани од човечки фактор, рече Алиу.
Во однос на петтиот, односно последниот столб министерот оцени дека е централен и многу важен столб.
- Петтиот столб кој е централен во здравствениот систем е столбот за дигитализација е во сржта на секоја промена во која ја поставуваме технологијата како цел. Градиме целосен систем на електронско здравство, вклучувајќи електронска здравствена картичка, дигитални рецепти и упатувања како и платформи за ефикасно поврзување на пациентите со лекарите, изјави Алиу.
Додаде дека ќе бидат воведени меѓународни стандарди се со цел да се овозможи во иднина интеграција со европската мрежа.
Извор/фото МИА