Финансии / Банкарство
Реновирана експозитурата на Шпаркасе Банка во Охрид – Нова ера на модерни услуги и одржлив развој
19.06.2025
Шпаркасе Банка со гордост ја информира јавноста дека вчера беше успешно реотворена нејзината реновирана експозитура во Охрид. Со речиси 70.000 клиенти во Југозападниот регион, од кои 30.000 се во самиот Охрид, Банката останува столб на финансиската стабилност и раст во оваа заедница.
Новата целосно реновирана експозитура се простира на површина од приближно 400 метри квадратни и е резултат на инвестиција од над 260.000 евра. Во исклучително краток рок, со силна посветеност, успешно беа завршени сите градежни зафати, при што услугите кон клиентите се одвиваа непречено и без прекин. Реновирањето се реализираше во две фази, со внимателно планирање и логистика, при што беа ангажирани повеќе од десет локални компании – што дополнително ја потврдува посветеноста на Шпаркасе Банка кон поддршка на локалната економија и развојот на градот.
Експозитурата е дизајнирана според највисоки стандарди за енергетска ефикасност и одржливост. Подовите се изработени со carbon-free технологија, а градежните материјали се еколошки и енергетски ефикасни. Инсталираните системи за ладење и греење користат напредна wind-free технологија за максимален кориснички комфор. Дополнително, експозитурата е дел од зграда што користи обновливи извори на енергија, што ја прави целосно енергетски независна.
Просторот е организиран во согласност со современ групациски концепт, кој пружа пријатен простор за прием на клиенти – сè со цел да се овозможи врвно корисничко искуство. Воедно, во експозитурата се наоѓа и уметничка галерија, која ја збогатува културната понуда и го афирмира локалниот талент.
