Општество
Клековски: Секој пациент во Македонија мора да има еднакво право на грижа
24.06.2025г
Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, нагласува дека сите пациенти во Македонија треба да добијат еднаква здравствена грижа, без разлика каде живеат.
Правично здравство и еднаков пристап за сите пациенти — ова е клучната визија на Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување.
„Не е прифатливо пациентите од руралните места да немаат исти услуги како тие во големите градови. Секој — без разлика дали има психијатриски или кардиолошки проблем — заслужува подеднакво квалитетна грижа“, потенцира Клековски. За ова се планираат подобри политики за лекови, нови програми за ретки болести и подобра распределба на парите.
Фондот ќе работи на тоа политиката да не се меша во медицината. „Целта е да изградиме фер и солидарен систем кој ќе се грижи за сите граѓани подеднакво“, заклучува Клековски.
Целото интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК