Општество

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор со Ал Наср?

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ќе заработува рекордни 263 милиони евра годишно според новиот договор со саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, објави денеска добро информираниот новинар Танкреди Палмери на социјалната мрежа Икс.
Четириестгодишниот португалски напаѓач потпиша нов договор со Ал-Наср до 2027 година.
Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампиони, европски првак и двократен освојувач на Лигата на нации со Португалија, како и најдобар стрелец во историјата на националните тимови, европските првенства, Лигата на шампиони и Светското клупско првенство. Воедно, Роналдо е првиот фудбалер кој достигна 900 голови во кариерата на официјални натпревари.
Зад него според заработката во светот на фудбалот се францускиот напаѓач на саудиски Ал-Итихад, Карим Бензема и аргентинскиот напаѓач на американскиот Интер Мајами, Лионел Меси, кои заработуваат 200 милиони евра годишно.


извор МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО