Општество
Какво време не очекува денеска и утре?
28.06.2025г
Времето во текот на денов се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според најавите, ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура да се спушти до 20, а максималната да достигне до 34 степени.
Според синоптичарите, денеска и утре ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4 до 6 степени.
Се очекува дневните температури од понеделник повторно да бидат во постепен пораст.