Општество
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
28.06.2025г
Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.