Општество

Чекориме заедно кон подобра иднина: Летен камп организиран од ДХЛ Експрес Македонија во соработка со СОС Детското Село

ДХЛ Експрес Македонија и оваа година, трет пат по ред, се јави во улога на организатор и финансиер на летниот камп за деца во СОС Детското Село, кој се одржа во Охрид под мотото „Чекориме заедно кон подобра иднина“. Овој значаен настан собра 25 млади учесници, кои имаа можност да учествуваат во интерактивни работилници, спортски активности и игри на отворено, создавајќи незаборавни спомени.

Кампот не само што ги охрабри младите да се дружат и забавуваат, туку беше и дизајниран да им помогне да развијат важни вештини. Преку глобалната иницијатива на ДХЛ, GoTeach, експерти водеа работилници, нудејќи насоки за кариерниот развој и првите чекори во нивната професионална кариера.

Како партнер на СОС Детското Село, ДХЛ Експрес Македонија верува во важноста на вложувањето во идните генерации. Со оваа иницијатива активно придонесуваме за образованието и создавањето на подобра иднина за младите во нашето општество.

Ние продолжуваме да ја поддржуваме заедницата и да инвестираме во проекти кои промовираат социјална одговорност и развој на младите. Оваа соработка со СОС Детското Село, заедно со иницијативата GoTeach, е пример на нашата посветеност кон создавање позитивни промени во животите на децата и младите.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано