Интервјуа

WINDOWS 10 ЦЕЛИ КОН ПРОДУКТИВНОСТА

Стефан Плавјански

 

 

Ова лето беше многу важно за Мајкрософт, го лансираше својот најнов производ, Windows 10. Како помина светската промоција на Windows 10?

С. Плавјански: Објавата Windows 10 за нас претставуваше огромен чекор кон остварување на нашата визија во придвижување на луѓето од тоа да имаат потреба од Windows, преку фазата да го изберат Windows како работна околина, до состојба вистински да го сакаат Windows. Врз база на препораките и забелешките дадени од страна на повеќе од 5 милиони корисници на Windows Insider програмата кои го користеа и тестираа Windows10 во тек на развојот, ние веруваме дека корисниците, организациите и девелоперите навистина ќе го сакаат Windows 10. 
Денот на промоцијата на Windows 10, 29ти јули, Мајкрософт одлучи да го одбележи на посебен начин. Имено, место организирање на спектакуларни настани, менаџментот и вработените одлучивме да го поминеме денот со корисниците и подржувачите и да го прославиме позитивниот импакт што колективно можеме да го направиме во светот. Имено, највисокиот менаџмент го помина денот дружејќи се со корисници, партнери и претставници од невладини организации работејќи на проекти и иницијативи во интерес на локалните заедници како што е изградба на технолошки центри, игралишта, училишта, помош на ранливите групи на луѓе, а генералниот директор Сатја Надела овој ден го помина во Кенија со нашиот тим во Кенија каде ја најави и промовираше иницијативата “Надгради го својот свет“ (Upgrade Your World).
После еден месец од објавата, среќни сме да објавиме дека повеќе од 75 милиони уреди во светот денес работат врз Windows 10 оперативниот систем. Тоа вклучува повеќе од 90.000 различни модели на компјутери и мобилни уреди (таблети, телефони), меѓу кои има уреди произведени пред 2007ма година.

Како се вклопува Македонија во ова лансирање?

С. Плавјански: Нашите вработени во претставништвото во Скопје на сличен начин, работно се придружија на глобалната прослава по повод објавата на Windows 10, со тоа што имавме активности да им помагаме на партнерите и корисниците да мигрираат кон Windows 10 и да им оддадеме признание на корисниците и организациите кои први се впуштија во надоградбата на своите уреди, а ние и нашите партнери ќе земеме учество во иницијативата наречена Upgrade Your World, односно надогради го својот свет.
Овде ќе ја искористам можноста да споделам една работа што ме прави исклучително горд на тимот на Мајкрософт во Македонија – имено, заедно со уште неколку други земји, ние бевме први во Central Eastern Europe MultiCountry организацијата од 25 земји кои постигнавме 100% миграција на Windows 10 на компјутерите кои ги користиме за секојдневна работа што покажува за тоа колку ние сме посветени на нашите корисници во Македонија да испорачаме продукти кои претходно сме ги тестирале на “своја кожа“ за да обезбедиме максимален квалитет и врвно корисничко искуство. Исто така, нашиот тим беше еден од најактивните во светски рамки со ангажман во интерната програма за тестирање на Windows 10 во тек на развојот.

 

На крај од месец септември ќе организираме Windows 10 ден за нашите партнери и деловни корисници, а во тек на ноември, заедно со Windows 10 fan клубот планираме да организираме Windows 10 забава.
Колку е важен Windows10 за Мајкрософт? Која е клучната додадена вредност што ја нуди Windows 10?

С. Плавјански: Со неколку зборoви, Windows 10 е најдобриот Windows што досега сме го објавиле и во него се собрани најдобрите наши искуства, знаење, технологии и иновации.
Ние сме посебно среќни што со Windows 10 го испорачуваме најдобриот Windows оперативен систем досега, со што им овозможуваме на луѓето и организациите да ја зголемат продуктивноста во работењето и целосно да ги реализираат своите потенцијали. Ние испорачуваме единствена платформа, единствена виртуелна продавница за апликации (Store), и единствено искуство на сите уреди почнувајќи од најмалите до најголемите екрани. За Мајкрософт, Windows 10 значеше почеток на реализацијата на нашата визија за персонализација на компјутерите, односно нивно приближување до потребите на луѓето и начинот на конзумерација, визијата “more personal computing”. Сега интеракцијата со технологијата е природна, исто како и интеракцијата со луѓето – преку користење на глас (Microsoft Cortana сервисот), дигитално пенкало, гестови, па дури и поглед. И секако, во нашиот поврзан и транспарентен свет, ние ја почитуваме и штитиме приватноста и податоците на нашите корисници. Windows 10 е единствен – изграден врз фидбекот даден од пет милиони тестери, односно Windows Insiders, доставен како сервис со постојани функционални и безбедносни надоградби и понуден како бесплатна надоградба на Windows 7, Windows 8.1 и Windows Phone 8.1
Да не пропуштам да спомнам дека Windows 10 нуди нови можности на персоналните компјутери, таблетите и телефоните преку новите алатки како што се новиот интернет пребарувач Microsoft Edge, платформата за комуникација со човечки говор Cortana, решението за користење на мобилниот телефон како персонален компјутер Continuum и иновацијата за пријавување на компјутерот преку поглед, односно читање на ирисот од окото - Windows Hello.

Што значи Windows 10 за оние ваши клиенти што во моментот користат Windows 7 или 8? Каква процедура е предвидена за нив и колку ќе трае таа?

С. Плавјански: Бесплатна надоградба на Windows 10 ќе биде достапна на квалификувани нови и постоечки корисници на Windows 7, Windows 8.1 и Windows Phone 8.1 уреди.
Ние сакаме поголем дел од корисниците на Windows оперативните системи да преминат на Windows 10, бидејќи ние сме целосно посветени и фокусирани да го одржуваме максимално безбеден и постојано ќе воведуваме нови можности и функционалност, без дополнително плаќање за истите.
Како што објавивме на почетокот на јули, ние сакаме сите наши корисници да имаат позитивно искуство со надоградбата кон Windows 10 поради што се одлучивме надоградбата да ја организираме во фази за да може обезбедиме квалитетно опслужување на сите побарувања за преземање на Windows 10.

Што значи Windows 10 генерално за фирмите?

С. Плавјански: Како што спомнав претходно, Windows 10 е дизајниран врз основа на забелешките и препораките дадени од страна на милиони наши корисници. Притоа, особено се грижевме да ги земеме предвид забелешките и да ги адресираме грижите на нашите деловни корисници во комерцијалниот, но и јавниот сектор. Притоа, нивни главни интереси се мобилност, односно можност за достап до податоците и апликациите и кога вработените се надвор од работните простории, можност да се обезбеди поддршка за различни уреди, вклучително мобилни телефони и таблети кои се во сопственост на вработените (Bring Your Own Device), интеграција со Cloud Service-и, а притоа да се обезбеди највисоко ниво на безбедност и да се минимизираат трошоците за инсталација и одржување, односно ажурирање и администрирање. Мајкрософт ги зеде предвид сите овие приоритети и други барања од страна на големите корисници и ги вгради во новите функционалности на Windows 10, како што се:
- Continuum (користење на паметен мобилен телефон, како компјутер), Windows Universal Apps, Office for Windows и Microsoft Edge за да се обезбеди висока продуктивност
- Hardware based security, Microsoft Hello, Enterprise data protection, Windows Update for Business за да се обезбеди високо ниво на безбедност
- Windows update for business, 2-in-1 (два во едно) уреди и др. за да се намали цената на инсталација и одржување
Нашите корисници од деловните организации и јавниот сектор кои имаат активни Software Assurance договори имаат можност да тестираат и мигрираат кон Windows 10, како бесплатен бенефит. Овие корисници може да очекуваат постојани иновации и безбедносни дотерувања на нивните Windows 10 уреди, вклучувајќи подобрени функции за менаџирање. 
Претходно спомнав дека персоналниот асистент Cortana, кој овозможува говорна комуникација, се испорачува како составен дел од Windows 10, а засега е расположив на Англиски и неколку други јазици. Притоа, би сакал да спомнам дека големите корисници, односно организациите, можат да ги користат предностите на Cortana персоналниот асистент во деловно опкружување, кога нивниот компјутер, односно уред, е придружен на нивниот компаниски Active Directory, и имаат пристап до корпоративни ресурси во безбедна и менаџирана околина. На пример, корисниците може да бараат информации од Cortana со користење на говор, а Cortana ќе одговори со ектраполација на одговори од Microsoft Power BI (Business Intelligence). Дополнително, податоците кои се нудат како резултат од поставеното прашање, се така уредени да останат до нивото на ингеренции на корисникот, со што се овозможува максимална заштита и приватност на податоците. Одговорите може да бидат презентирани во форма на бројки, табели, мапи, итн. Cortana исто така интелигентно одбира 1-2 прегледи, односно заклучоци, и посебно ги истакнува, во зависност од профилот на корисникот за кој Cortana има стекнато извесно знаење од претходното искуство.
Уште една иновација е достапна на нашите Windows 10 корисници, поединци и фирми но од посебен интерес за фирмите, поради тоа што овозможува зголемена безбедност. Windows Hello е технологија која го прави најавувањето на Windows 10 уредите поедноставно и посигурно. Имено, Windows Hellо овозможува брз пристап кон Вашиот уред преку биометриска автентификација – користејќи снимка од вашето лице, ирисот од окото или отпечаток на прстите за да го отклучи вашиот уред – со технологија која е многу побезбедна отколку традиционалните лозинки. Додека сензорите за читање на отпечатоци од прсти функционираат со Windows 10 веќе сега, Windows Hello функцијата за читање на човечки лик и ирисот од окото бара нова сензорска технологија која ќе биде расположива во текот на оваа есен.

Поконкретно, во кои сегменти од работењето на фирмите најмногу би се почувствувале предностите од користењето на Windows 10?

С. Плавјански: Секако дека наш фокус останува зголемување на продуктивноста на нашите корисници, а тука на сцена стапува Office пакетот од алатки. Office е неспорно најдобрата платформа за зголемување на продуктивноста во светот, и претставува перфектно дополнување на Windows 10, нашата најдобра Windows платформа досега. На 29ти јули, Мајкрософт ги објави и Office universal apps за Windows 10 кој ги содржи Office алатките адаптирани за мобилни уреди со екрани чувствителни на допир. Целосно функционална OneNote апликација доаѓа преинсталирана со Windows 10 како поддршка за водење на дигитални белешки. Новата верзија на Office desktop apps (Office 2016) која наскоро ќе биде објавена ќе понуди најбогат досега виден сет за професионално креирање на содржини, дизајниран за користење на уреди со тастатура и глувче.

Во денешно време, колку што се важни компјутерите толку се важни и другите “апарати“, како што се мобилните телфони, па разновидните апликации, итн. Што би ни кажале за нив во врска со користењето на Windows 10?

С. Плавјански: Наша стратегија е да растеме и креираме вибрантен Windows екосистем којшто вклучува Мајкрософт уреди, вклучувајќи телефони, и секако тоа да го остваруваме во тесна соработка со нашите партнери. Во полето на мобилните телефони, ќе се фокусираме на три кориснички сегменти каде што веруваме можеме да направиме значаен придонес и каде што можеме да се истакнеме и диференцираме преку комбинација од нашиот хардвер и софтвер. На нашите деловни корисници ќе понудиме најдобро искуство во менаџирање, безбедност и продуктивност. На корисниците од категоријата “вредност за пари“ ќе понудиме комуникациски услуги какви што сакаат, а на Windows фан-овите ќе понудиме врвни модели кои ќе ги сакаат и нестрпливи сме да ги пуштиме во продажба нашите flagship модели на телефони базирани на Windows 10, при крај на оваа година.

Една од новините е и Мајкрософт Еџ (Microsoft Edge), новиот интернет пребарувач за Windows 10. Зошто се одлучивте на ваков чекор?

С. Плавјански: Microsoft Edge е нашиот нов интернет пребарувач за Windows 10, кој овозможува брзо пребарување по интернет, читање, маркирање и споделување на содржините од Web. Фокусиран е на лесно споделување на содржини, читање, истражување и брзо користење на податоците за да се завршат различни работи. Овој пребарувач е изграден за модерниот Web простор, со почист и поинтуитивен интерфејс и корисничко искуство, а со цел да се стави Web-от во функција на корисникот. Тоа подразбира можност за маркирање на содржини од тастатура или дигитално пенкало и нивно споделување со пријатели или колеги. Многу интересна новина е т.н. Reading mode која овозможува интернет содржините да се презентираат во формат погоден за читање на различни екрани, а секако да не ја заборавиме интеграцијата со говорниот асистент Cortana што овозможува ангажирање на Cortana директно од интернет пребарувачот за да ги најдете работите побрзо и поефикасно.

Секогаш кога има нови производи каков што е Windows 10 природно се наметнува прашањето за заштитата од т.н. “пирати’. Како се бори Мајкрософт против тоа?

С. Плавјански: Нема земја која е имуна на фалсификување на софтвер – тоа е глобален проблем кој треба да се адресира на секој пазар. Според последните извештаи, нивото на софтверската пиратерија во Македонија изнесува 66%, што е еднакво на загуба од 22 милиони УСД. За жал и за разлика од сите други земји во регионов и во Европска Унија, Македонија е единствена земја која што се соочува со висока стапка на користење на нелиценциран, неправилно лиценциран или застарен, односно неподдржан софтвер во органите на државната и јавната администрација, со што државата се изложува не огромен ризик по безбедноста на податоците и имиџот како земја која се декларира дека се грижи за заштита на правата на интелектуална сопственост. 
Нашиот пристап во борбата против користење на нелиценциран софтвер во комерцијалниот сектор во Македонија е сличен како и на другите пазари – комбиниран пристап со обуки, технолошки решенија и законско санкционирање.

Во ИТ бизнисот работите одат исклучително динамично. Во тој контекст, какви се плановите на Мајкрософт, што после Windows 10?

С. Плавјански: Windows 10 означува нова ера за Windows, во која ќе биде испорачан до корисниците како сервис, постојано носејќи иновации и нови функционалности, со постојано зголемување на вредноста за нашите комерцијални и деловни корисници. Windows 10 автоматски ќе се ажурира за да може да понуди целосна компатибилност и поддршка на новите мобилни уреди кои ќе се појавуваат на пазарот било од страна на Мајкрософт (Surface Hub, HoloLens, Xbox), било од страна на други произведувачи на уреди базирани на Windows 10 платформа.

Мајкрософт е познат и по својот ангажман во областа на модернизација на образовниот систем, преку воведување на информатички технологии, во светот и во Македонија. Кажете ни каква е улогата на Windows 10 во областа на образованието и какви придобивки може да очекуваат учениците и студентите?

С. Плавјански: Windows 10 Education е оперативен систем дизајниран за образовни институции, ученици, студенти, наставници и администратори. Windows 10 Education се базира на Windows 10 Enterprise едицијата на која се додадени нови функционалности за да се адресираат потребите на современите образовни институции за зголемена безбедност и целосна заштита на уредите и нивно менаџирање. Создаден да ја упрости инсталацијата на голем број уреди во образовните институции, Windows 10 Education овозможува директна и лесна миграција од Windows 10 Home или Windows 10 Pro кон Windows 10 Education, без да има потреба од бришење на дискот. Така, Windows 10 Education овозможува функционалност и сигурност на Windows 10 Enterprise по многу поволна цена. Имено, образовните институции кои ги имаат лиценцирано своите вработени и администрацијата, имаат право на бесплатен Windows 10 Education за сите свои ученици, односно студенти.
Со воведување на Windows 10 Education базиран на мобилни уреди (2 во 1 таблети) поврзани во Cloud платформа, би се овозможило на младата генерација да учи и да работи буквално од секаде, од било кој уред, со користење на познати и општо прифатени алатки, постигнувајќи врвни резултати. Флексибилниот интерфејс на Windows 10 уредите со допир, пенкало, глувче и тастатура овозможува нови начини на настава – на пример преку високо интерактивни апликации кои користат интуитивен допир, за да се задржат младите ученици ангажирани - додека во исто време обезбедува поддршка на активностите кои секогаш ќе бидат дел од учењето, како што се анализа на податоци, пишување трудови, како и креирање на презентации.
Со Microsoft решенијата за продуктивност, како што OneNote, Skype for Business, SharePoint, OneDrive, што се дел од Office 365 пакетот и Microsoft Educator Network, Sway, Office Mix , Office Video, Power BI, Yammer, Delve, македонските образовни институции ќе им овозможат на едукаторите алатки за да ги инспирираат учениците да консумираат и да создаваат знаење.
Овозможувајќи ваква платформа за македонските ученици и студенти, Мајкрософт би го дал својот придонес за да стекнат вештини кои се неопходни да ги поседуваат за да бидат конкурентни во обезбедување на вработување. Имено, според студијата направена од страна на IDC, познавање и користење на Microsoft Office е втора најбарана вештина од страна на компаниите кои имаат потреба од високо-квалификувани кадри, веднаш после познавањето на јазици и комуникациски вештини.

За крај на ова интервју, кажете ни нешто повеќе за новата иницијатива на Мајкрософт наречена Надгради го твојот свет (Upgrade your World). За што станува збор?

С. Плавјански: Се работи за целогодишна иницијатива чија цел е да се препознаат оние кои ги инспирираат и поттикнуваат другите, водени од страна на визијата на Мајкрософт да се помогне на луѓето, преку технологија, да постигнат повеќе и да се одбележи објавата на Windows 10.
Вкупно 10 милиони долари ќе бидат инвестирани за поддршка на нивните мисии и за да се промовира свесноста за нивните цели. Со оваа иницијатива сакаме да ги инспирираме луѓето да ги споделат своите приказни како тие ги надградуваат нивните, односно нашиот свет, а Мајкрософт, во партнерство со 10 глобални непрофитни организации, ќе се ангажира да го надгради светот преку комбинација од технологија, инвестиции и реализација на заеднички кампањи за да се подигне свесноста.

Зоран Јовановски

ПРЕПОРАЧАНО