Финансии / Банкарство
Турската централна банка нема да издава поголеми банкноти
14.10.2025
Турската централна банка нема планови за воведување нови банкноти со повисока вредност од сегашните, иако инфлацијата значително ја намалува куповната моќ на лирата, објави порталот „Туркие тудеј“.
Највисоката деноминација во земјата – банкнота од 200 турски лири – вреди околу 4,78 американски долари, што создава практични тешкотии за граѓаните и трговците при готовински плаќања.
Во одговор до медиумите, од Централната банка наведуваат дека издавањето нови банкноти зависи од макроекономските и финансиските показатели и од техничките проценки.
- Во моментот Централната банка не работи на емитување банкноти со нов номинал, се вели во соопштението.
Во оптек сега има банкноти од 5, 10, 20, 50, 100 и 200 турски лири.
Фото МИА