Економија
Локалните избори и фискалната дисциплина: што покажуваат податоците
15.10.2025г
Во време на локални избори често доминираат националните теми, додека вистинските потреби на граѓаните остануваат на маргините. Новите истражувања за Северна Македонија и Хрватска покажуваат дека политичката усогласеност на градоначалниците со централната власт директно влијае на фискалната дисциплина на локално ниво.
Во Северна Македонија, локални власти кои се политички усогласени со централната власт често успеваат да ја намалат акумулацијата на неплатени обврски веднаш по изборите. Спротивно, опозициските градоначалници се соочуваат со поголеми ограничувања и поголем притисок да ја одржуваат финансиската дисциплина со сопствени приходи. Во Хрватска, пак, политичката усогласеност понекогаш овозможува одложување на плаќањата и поголема акумулација на долгови по изборите.
Целата анализа прочитајте ја на следниот ЛИНК