Општество

Русија прва почнува со тестирање на „вакцина против рак“ – нова надеж во борбата со болеста

Светот е на чекор до револуционерна промена во третманот на ракот. Русија потврди дека започнува клинички тестирања на т.н. вакцини против рак, по успешни претклинички испитувања кои покажале висока ефикасност и безбедност, со намалување на туморите до 80 проценти.

Првичната цел на вакцината е лекување на колоректален рак, а се развиваат и терапии за глиобластом и меланом. За разлика од класичните вакцини, овие mRNA терапии не се превентивни, туку го „тренираат“ имунитетот да ги уништи преостанатите клетки на ракот по операција или хемотерапија.

Според експертите, ова може да биде почеток на нова ера во персонализираното лекување на ракот, со потенцијал да ја промени досегашната слика за болеста.



Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано