Финансии / Банкарство
Анастасовски: КИБС влегува во 25-та година со целосно заокружена дигитална инфраструктура
27.11.2025г
КИБС следната година одбележува 25 години постоење и развој на клучните елементи на платежната инфраструктура во земјата – од системот за меѓубанкарски плаќања и електронскиот потпис до националната шема за е-идентификација OneID. Најнов проект е системот за инстант плаќања, достапен 24/7 и усогласен со европските стандарди.
„Нашата улога отсекогаш била јасна – да изградиме стабилна и сигурна инфраструктура што ќе ја придвижи дигиталната економија напред“, вели Горан Анастасовски, генерален директор на КИБС АД Скопје, во интервјуто во печатеното издание на Економија и бизнис.
Со ова, КИБС ја зацврстува улогата како носител на доверливи услуги и двигател на дигитализацијата во финансискиот сектор.
Целото интервју прочитајте го ТУКА