Финансии / Банкарство
НЛБ Банка Скопје: 40 години раст, дигитални иновации и лидерска позиција
01.12.2025г
НЛБ Банка Скопје годинава одбележува 40 години постоење, период во кој, како што истакнува во интервју за печатеното издание на Економија и бизнис, претседателот на УО Тони Стојановски, Банката се изградила во „системски значајна институција и еден од столбовите на македонскиот финансиски систем“. Со актива од 2,3 милијарди евра и кредитно портфолио од 1,5 милијарди евра, Банката е меѓу трите водечки во земјата и станува пример за дигитална трансформација, корпоративно управување и одржливо финансирање.
Стојановски нагласува дека НЛБ Банка е пионер и во дигиталните услуги – годинава ја воведе услугата Apple Pay, ја надгради мобилната апликација mKlik и како прва банка се приклучи кон СЕПА, овозможувајќи брзи и евтини плаќања во евра. „Нашата амбиција е јасна – да создадеме целосно дигитална банка која нуди супериорно корисничко искуство“, вели тој.
Целото интервју прочитајте го ТУКА