Бизнис

Јаневски: Македонија мора да одлучи дали сака да ја зачува винската традиција

Глобалната нестабилност, падот на потрошувачката и недостигот од државна стратегија сериозно ја загрозуваат иднината на лозарството во Македонија, предупредува Светозар Јаневски, сопственик и менаџер на ВВ „Тиквеш“, во интервју за печатеното издание на бизнис магазинот Економија и бизнис.

Тој посочува дека во последните 15 години производството на грозје во земјава е намалено од над 400 илјади на околу 110 илјади тони, додека лозарите сè почесто остануваат без системска поддршка. Во исто време, регионот бележи раст на побарувачката, особено поради туризмот, што според Јаневски е голема шанса за Македонија.

„Потребна е јасна државна политика, окрупнување, стандарди и премин кон флаширано премиум вино. Без тоа, ризикуваме да изгубиме национален симбол и значаен економски потенцијал“, вели Јаневски.



Целото интервју прочитајте го ТУКА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано