Бизнис

„Тиквеш“ на 140 години: Од балк вино до еден од европските лидери во премиум сегментот

Винарската визба „Тиквеш“ годинава одбележува 140 години од основањето, а денес е позиционирана како регионален лидер и една од најнаградуваните винарии во Европа, вели Светозар Јаневски во интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис

Според него, клучната пресвртница се случила по 2003 година, кога компанијата целосно го променила моделот на работа и се ориентирала кон премиум и пазарно насочено производство. Денес „Тиквеш“ извезува 67 проценти од производството, располага со пет уникатни тероари и е меѓу 40-те винарии во светот препознаени по иновации и ЕСГ-пристап.

„Нашата цел е Македонија да ја позиционираме како винска земја со вистинска додадена вредност, а не како извор на евтино вино“, истакнува Јаневски, додавајќи дека меѓународните награди се потврда за квалитетот и конкурентноста на македонското вино.


Целото интервју прочитајте го ТУКА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано