Економија

Халкбанк финансирала 279 MW зелена енергија и поддржала 634 компании предводени од жени

Халкбанк АД Скопје во 2025 година обезбедила 136,3 милиони евра кредитна поддршка за проекти во обновливи извори на енергија, со вкупна инсталирана моќност од 279 мегавати. Проектите лани произвеле над 336 илјади мегават-часови електрична енергија.

Во интервју за “Економија и бизнис“ генералниот извршен директор Фатих Шахбаз, вели дека банката активно го поддржува и женското претприемништво – досега се финансирани 634 компании предводени од жени.

Покрај зелената транзиција и финансиската инклузија, Банката бележи и силен раст во дигиталното банкарство, со 25 % повеќе активни корисници кај физичките лица.

„ЕСГ не е тренд, туку основа за создавање долгорочна вредност“, истакнува Шахбаз.


Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ

 

ПРЕПОРАЧАНО