Бизнис

Многу добри резултати на Групација Триглав во 2025 година, со планирано натамошно профитабилно работење во 2026 година

Триглав го зголеми својот деловен резултат и обемот на работење, при што одржа солидна капитализираност

Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, во однос на 2024 година, се зголеми органски за 9 проценти и достигна 1.868,3 милиони евра. Ако се земе предвид и новото работење на италијанскиот пазар, тој изнесуваше 2.561,2 милиони евра (раст од 49 проценти).

Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 9 проценти, на 174,1 милиони евра, додека нето деловниот резултат се зголеми за 4 проценти, на 136,7 милиони евра.

Комбинираниот количник во сегментите Неживот и Здравје изнесуваше поволни 93,2 проценти (2024: 93,6 проценти), а профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот изнесуваше 13,3 проценти (2024: 13,4 проценти).

На крајот на годината, адекватноста на капиталот беше во рамки на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти. На крајот на 2025 година, пазарната капитализација на Триглав достигна 1,3 милијарди евра, приносот од дивиденда по акција изнесуваше 4,7 проценти, а вкупниот принос 50,9 проценти.

Триглав планира во 2026 година да оствари деловен резултат пред оданочување од 170 до 190 милиони евра, вкупен деловен обем од над 2,4 милијарди евра и комбиниран количник од околу 95 проценти во сегментите Неживот и Здравје.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано