УБАВИОТ ЗБОР | ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ: Јас немам со кого да сум млад... во јули
Станувам рано, со сонцето, а сега е лето, и тоа уште во пет наутро се појавува над планината од исток. Сега низ гранките ми пробива во дворот. Го осветлува зеленилото на лисјата од тие гранки, свежо е сѐ, особено боите, и птиците уште потпевнуваат но не толку гласно, веќе е јули, седмиот месец, музи...