Page 1 - Kvartalen ekonomski monitor Q1_2023
P. 1
КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ КВ. 1 ОД 2023 Г.
Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во првиот квартал од 2023 г. ќе биде меѓу 1 % и 3 %
Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци,
предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1 % и 3 %. Скромниот раст на БДП е
поттикнат во најголем дел од растот кај трговијата и во помал дел од градежништвото. Индустријата
забележува неутрално влијание врз растот на БДП и покрај позитивните структурни промени.
Проекцијата се должи на следниве економски движења во првиот квартал од 2023 година.
Производна страна:
Индустриско производство: Во текот на првиот квартал од
2023 година, индустриското производство забележа мал
пад (-0,1 %) што претставува трет последователен квартал Графикон број 1: Индустриско производство,
со негативен придонес во растот на БДП. Сепак, ваквите квартални стапки на промена
случувања се очекувани земајќи ги предвид движењата на
индустриското производство во европските земји, посебно
Германија, како и глобалните предизвици со кои се соочува
светот. Од традиционалните сектори позначителен пад за-
бележува индустријата за производство на основни метали
(-49,5 %), како и прехранбената индустрија (-1,4 %), додека
умерен пораст забележаа текстилната и тутунската индус-
трија. Од друга страна, производството во автомобилската
индустрија, односно кај фирмите извознички лоцирани во
технолошките развојни зони, забележа стабилен двоцифрен
раст (11,7 %), а значаен раст забележа и фармацевтската ин-
дустрија. Ваквите промени се отсликани и во структурата на
Индексот на индустриското производство објаснето подолу.
Сепак, имајќи го предвид високото учество на производство-
то на прехранбени производи во Индексот на индустриското
производство, во анализираниот период индустријата забе- Извор: Државен завод за статистика
лежа пад од 0,1 %.
Податоците за индустриското производство укажуваат дека
секторот индустрија ќе има речиси неутрален придонес во
растот на БДП во првиот квартал од 2023 година.
Графикон број 2:
Трговија, годишни стапки на промена
Трговија: Како што може да се види од графиконот број 2,
солиден номинален раст кај трговијата се забележува во
првиот квартал од 2023 година. Имено, вкупната трговија
забележува раст од 20,4 %, што е нешто повеќе од прет-
ходниот квартал, при што растот се должи на позитивни-
те движења кај сите три компоненти, а особено кај про-
метот со моторни возила, што упатува на зајакнување на
куповната моќ на македонските граѓани. Сепак, прометот
со моторни возила е сè уште на значително пониско ниво
во однос на продажбата на моторните возила пред здрав-
ствената криза, односно во 2019 година.
Ваквите податоци од трговијата упатуваат дека овој сек-
тор ќе има позитивен придонес во растот на БДП како и во
претходниот квартал.
Извор: Државен завод за статистика
56 јуни 2023