Page 3 - Kvartalen ekonomski monitor Q1_2023
P. 3

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ КВ. 1 ОД 2023 Г.














          Лична потрошувачка:                                    Графикон број 6: Кредитирање на приватен
          Графиконот број 6 ги прикажува промените заклучно со          сектор, квартални стапки на промена
          првиот квартал од 2023 година кај кредитната активност
          на банкарскиот сектор во Република Македонија. Се за-
          бележува поголема промена, односно пад на интензите-
          тот на кредитирање во првиот квартал од 2023 година.
          Согласно  со  податоците  на  Народната  банка  (НБРМ),
          кредитирањето  на  приватниот  сектор  во  анализирани-
          от период продолжи да расте, но со стапка од 7,8 % на
          квартална основа, што претставува најнизок раст во по-
          следниве  6  квартали.  Мерките  на  НБРМ  за  забавување
          на кредитниот раст преку пораст на основната каматна
          стапка продолжува умерено да влијае врз кредитирањето
          на приватниот сектор.
          Истовремено солиден раст забележаа и депозитите на
          граѓаните, како и приходите во Буџетот по основ на да-
          нок на додадена вредност. Ваквата анализа упатува на           Извор: Народна Банка на Република Северна Македонија
          умерен позитивен придонес на личната потрошувачка во
          БДП за првиот квартал од 2023 година.
                                                           ка сличен  пораст забележуваат  капиталните инвестиции
          Бруто-инвестиции:  Високофреквентните  податоци  за   во државниот буџет. Дополнително увозот на машини и
          бруто-инвестициите  во  првиот  квартал  од  2023  година   на транспортни уреди забележа солиден раст. Ваквите
          упатуваат на позитивни движења. Имено, долгорочните   податоци упатуваат на позитивен придонес на бруто-ин-
          кредити на претпријатијата забележаа раст од 8 %, доде-  вестициите во БДП.



          Прехранбената  индустрија  повеќе  не  е  најголема  ин-
          дустриска гранка во рамките на Индексот на индустри-
          ското производство.
                                                                  Графикон број 7: Учество на индустриските
          Согласно со податоците на Државниот завод за статисти-       гранки во Индексот на индустриското
          ка, учеството на прехранбената индустрија во Индексот                              производство
          на индустриското производство изнесува 10,4 % и во од-
          нос на пондерот од минатата година забележува намалу-
          вање од 0,3 процентни поени.
          Истовремено учеството на индистријата за производство
          на  моторни  возила  (индустриска  гранка  со  број  29)  во
          2023 година изнесува 10,5 % и во однос на 2022 година
          забележува пораст од 2,5 процентни поени. Со тоа авто-
          мобилската индустрија претставена преку индустриската
          гранка за производство на моторни возила претставува
          гранка со најголемо учество во индустриското производ-
          ство во Република Македонија.
          Ваквата  трансформација  на  македонската  индустрија
          претставува  позитивен  сигнал  и  позитивно  придвижу-
          вање.
          Дополнително, растот на фармацевтската индустрија (во
          најголем дел изразен преку растот на извозот на фарма-
          цевтскиот гигант Алкалоид) придонесе за повисок пон-                        Извор: Државен завод за статистика
          дер и кај фармацевтската индустриска гранка (од 3,1 %
          на 4,1 %).
          Ваквите структурни промени кои се, пред сè, резултат на
          новите  производствени  капацитети  лоцирани  во  техно-
          лошките развојни зони упатуваат на позитивни движења
          кај македонската индустрија.

    58                           јуни 2023
   1   2   3