Page 2 - Kvartalen ekonomski monitor Q1_2023
P. 2

КВАРТАЛЕН ЕКОНОМСКИ МОНИТОР − ПРОЕКЦИИ КВ. 1 ОД 2023 Г.






               Градежништво:  Извршените  градежни  работи  во       Графикон број 3: Извршени градежни работи,
               јануари  и  февруари    2023  година  забележаа  ре-                 квартални стапки на промена
               ален раст од 25 % во однос на истиот период од
               претходната  година.  Ваквите  позитивни  движења
               во најголем дел се должат на ниската споредбена
               основа кога градежништвото забележа пад од 11
               %. Сепак, по 9 последователни квартали со пад кај
               градежниот сектор, ова претставува солидна пози-
               тивна промена. Притоа растот е значителен кај две-
               те составни компоненти (нискоградбата +21 % и ви-
               сокоградбата +29 %). Податоците за извршувањето
               на Буџетот во првиот квартал од 2023 година ука-
               жуваат дека состојбата со капиталните расходи се
               подобрува. Имено,  капиталните расходи во првиот
               квартал од 2023 година забележуваат раст од 8,3
               % во однос на истиот период од минатата година.
               Ваквите податоци укажуваат дека градежништвото
               ќе има  позитивен придонес кон растот на БДП во                             Извор: Државен завод за статистика
               првиот квартал од 2023 година.


                                                                   Графикон број 4: Основни податоци за туризам,
               Туризам: Како што може да се забележи                                квартални стапки на промена
               од графиконот број 4, туризмот во првиот
               квартал  од  2023  година  повторно  беле-
               жи високи стапки на раст. Така бројот на
               туристи забележа раст од 35,3 %, додека
               поумерен е растот кај бројот на ноќевања
               (6,4 %).  Споредбата со преткризното ниво
               упатува дека во анализираниот период се
               достигнати 77 % од ноќевањата и 83  % од
               бројот на туристи, и тоа квартал 1 од 2023
               година спореден со квартал 1 од 2019 го-
               дина.
               Имајќи  ги  предвид  сите  овие  податоци,
               се очекува  овој сектор да има  позитивен
               придонес во  растот на БДП за квартал 1
               од 2023 година.

                                                                                           Извор: Државен завод за статистика
               Расходна страна:                                   Графикон број 5: Надворешно-трговска размена,
               Надворешно-трговска размена: Извозот на стоки во квар-                квартални стапки на промена
               тал  1  од  2023  година  забележа  номинален  раст  од  9,6  %
               во споредба со истиот период од минатата година, додека
               увозот на стоки забележа пад од -2,8 %. Сепак, порастот на
               цените на светските берзи претставува основна причина за
               високиот раст на извозот, додека забавувањето на растот на
               личната потрошувачка влијае врз намалувањето на увозот во
               првиот квартал од 2023 година. Количинските податоци – по-
               датоците за реалниот раст на надворешно-трговската разме-
               на упатува на реален пад на надворешната трговија (пад од
               1,9 % на извозот и 3,8 % на увозот на стоки).
               Поголем пад од 30 % забележува извозот на железо и на
               челик, како и тутунот (-5 %), додека храната и извозот на ма-
               шински и транспортни уреди – односно извозот од новите
               извозно ориентирани производствени капацитети забележа
               солиден пораст. Кај увозот највисок придонес во падот има                 Извор: Државен завод за статистика
               увозот на енергија (во услови на пониски цени на енерген-  Имајќи го предвид поголемиот раст на извозот од растот на
               тите и истовремено повисоки увезени количини), додека по-  увозот, очекуваме придонесот на нето-извозот да биде неу-
               зитивен придонес забележува суровинскиот увоз на дел од   трален за квартал 1 од 2023 година.
               производствените капацитети во странска сопственост.

                                                                                  јуни 2023                       57
   1   2   3