Финансии / Банкарство

АРГЕНТИНА ГИ ЗАВРШУВА ОБВРСКИТЕ ОД БАНКРОТОТ

Аргентина потпиша договор со американските хеџ фондови со кој ќе го реши долгорочниот спор за исплатата на долговите и така повторно ќе може да се задолжува на светските финансиски пазари. Аргентина според договорот ќе исплати 4,6 милијарди долари на фондовите кои ја тужеа државата. Овие фондови евтино ги купија аргентинските обврзници на пазарот на капитал откако државата објави банкрот во 2011 година. Подоцна тие одбија да ги реструктуираат долговите барајќи од Владата целосно да ги исплати. Претходната Влада на претседателката Кристина Фенандез де Киршнер одби да преговара со инвеститорите нарекувајќи ги „лешинарски фондови“. Договорот претставува победа за Маурицио Макри кој во декември стана аргентински претседател и во однос на својата претходничка го промени ставот кон инвеститорите.  Според сегашниот компромис, Аргентина се обврзува да исплати речиси 70 % од првичните долгови. Долгогодишниот спор со фондовите НМЛ, „Капитал“ и „Аурелиус капитал менаџмент“ (NML, Capital и Aurelius Capital Management) го ограничи пристапот на Аргентина до меѓународните пазари на капитал. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано