Финансии / Банкарство

ГЕРМАНСКИ ПРИВАТЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД ЈА КУПИ „АДРИА ЕРВЕЈС“

Германскиот приватен инвестициски фонд „4К ИНВЕСТ“ (4K Invest) официјално стана мнозински сопственик на словенечкиот авиопревозник „АДРИЈА ЕРВЕЈС“ (Adria Airways), преземајќи ги акциите од државата. Според словенечкиот закон за преземање, компанијата мора да објави понуда за купувањето на преостанатите акции на малите акционери, по цена од едно евро за акција, по истата цена по која акциите ги купи од државата. Новиот сопственик во Надзорниот одбор на компанијата веќе именуваше петмина свои членови притоа наведувајќи дека и натаму ќе го поттикнува развојот на компанијата и ќе ги одржи нејзините линии на регионалниот пазар, притоа најавувајќи рационализација на работењето и кастрење на трошоците. Според првите податоци, авиокомпанијата лани имала загуба од околу 4 милиони евра, а има и високи кредитни обврски. Германскиот фонд, кому ова му е прва инвестиција во Словенија, досега купи, а потоа реструктуираше околу 150 различни претпријатија во Европа. Ова за Фондот е прва инвестиција во воздухопловството, каде што досега не бил присутен. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано