Општество
Целосна дигитализација на „Експо 2027“ во Белград
26.02.2024г.
Meѓународната специјализирана изложба „Експо 2027“, која треба да се одржи во Белград, ќе биде дополнителен мотив за потикнување на развојот на ИТ индустријата во Србија, изјави Михајло Јовановиќ, српскиот министер за информирање и телекомуникации.
- Сакаме светската изложба да биде целосно дигитализирана. Да доминира технологијата, да имаме дронови, летечко такси, автономни возила, а сето тоа ќе го овозможи ИТ секторот. Доколку секоја година го развиваме овој сектор со раст од 30 отсто, ќе оствариме промет од 10 милијарди евра, изјави министерот Јовановиќ, во разговор за „Политика“.
Српскиот министер потсети дека со финансиска помош на државата е купен суперкомпјутер за ДАТА центарот во Крагујевац, што ќе претставува национална платформа за развој на вештачката интелегенција (ВИ). Оваа информастичка технологија ќе можат бесплатно да ја користат сите технички факултети и научно-технолошки паркови и стартап фирми во Србија.
Извозот на ИТ секторот во Србија во 2023 година достигна речиси 3,5 милијарди доалри, што е раст од 27 отсто. Овој сектор е најдобар нето извозник. Во 2021 година извозот изнесуваше 375 милиони евра. Премиерката на Србија Ана Брнабиќ на промоцијата на програмата „Србија 2027“ најави дека извозот на домашната ИТ индустрија да достигне ниво од 10 милијарди евра, во наредните години.
фото: arquitecturaviva.com