Општество
На брегот на Египет ќе никне нов модерен град
26.02.2024г.
Претставници на египетските власти потпишаа историскиот договор со претставници на Обединетите Арапски Емират (ОАР), за финансиска инвестиција од 35 милијарди долари за изградба на нов град во Египет. Градот Рас ел-Хекма ќе се гради на северозападниот брег на Египет и ќе претставува нов урбан, деловен и туристички центар. Со проектот се опфатени станбени населби, хотели на меѓународнии компании, туристички населби, простори за забава и услужни објекти, како и деловен центарелен кварт со претставништва на интернационални банки и компании, објави Мина.
- Проектот за изградбата на градот, лоциран западно од Александрија, ќе го имплементира компанијата во сопственост на Владата во Абу Даби. Директните инвестиции ќе му помогнат на Египет да ги надмине проблемите со вредноста на египетската валута, изјави египетскиот премиер Мустафа Мадбули.
Во текот на реализацијата на проектот, се очекува инестициите на Емиратите да достигнат најмалку 150 милијарди долари.
- Египет ќе добие директно 24 милијарди долари, во две рати, од вкупниот износ на почетната инвестиција од 35 милијарди. Во меѓувреме, ОАР ќе се откаже од своите 11 милијарди долари на странските депозити во Централната банка на Египет. На овој начин, ќе се намали надворешниот долг на државата, вели Мадбули, пренесува Бизнис.рс.