Општество
Најмногу разводи имало во Битола, следат Куманово...
28.02.2024г.
Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 отсто и изнесува 4 185 живородени деца, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1.5 отсто во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен - 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 1.6 отсо во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 824 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови. Најмногу разведени бракови има во Битола (40), Куманово (37) и Гевгелија (30). Од скопските општини најмногу се разведувале во Аеродром со 19 прекинати брачни заедници.
фото freepic