Општество

Поради банкрот на книжарница, книгите фрлени на депонија!

Повеќе десетици илјади книги биле фрлени на депонија во близина на Ница во Франција, поради банкрот на голема книжарница во местото Сен Лоран ди Вар, откако новиот сопственик одлучил продажниот простор да го издаде под наем, пишува Фигаро.

Книжарницата банкротирала минатата година, но сопственикот не се обидел да ги пренесе книгите на друго место. Новиот сопственик одлучил книгите да ги траспортира до блиската депонија. Фрлените книги се тешки 60 тони, пишува францускиот весник. 

Новиот сопственик одбил да ја коментира неговата постапка, со објаснување дека книгите веќе му предизвикале доволно проблеми. Книжарницата е со површина од околу 1.300  квадратни метри а во овој француски град нема друга поголема книжарница или библиотека, пренесува Еуроњуз.


 

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано