Општество

Српските студенти во странство имаат високи услови за враќање во татковината

Над 80 отсто од српските студенти кои се школуваат надвор од границата на Србија се подготвени да се вратат во земјата, но под услов да се исполнат нивните очекувања за висината на платата од 166 илјади динари или за 1.500 евра! Ова се резултатите од истражувањето кое било направено на примерок од 1.100 испитаници.

-        Овој податок укажува на постоење на силен емотивен и семеен фактор, кој влијае на одлуката на студентите да се вратат во земјата. Над 70 отсто од испитаниците го нагласуваат семејните причини како клучен мотив за нивно враќање. Вториот фактор е желбата да работат во Србија, а седум отсто навеле други фактори, како што се образованието, патриотизмот, зачувување на традицијата и слично, се наведува во заклучоците од истражувањето, што ги објави сајтот Стартуј Инфостуд. 

Повеќе од половина од испитаниците кои планираат да се вратат би го направиле тоа на почетокот на кариерата, и се на возраст од 25 до 35 години. Минималната плата која би била прифатлива за нив изнесува колку две просечни плати или 166 илјади динари (околу 1.500 евра), За оваа плата се изјасниле 60 отсто од студентите во странство. Околу 20 отсто од нив очекуваат плата  од три просечни плати (249.000 динари).

Истражувањето било спроведено од сајтот Стартуј Инфостуд и Организацијата на српски студенти во странство со поддршка на Министерството за туризам и младина, пренесува Н1.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано