Општество
Борозанов: Градењето врски со македонските иселеници е државен интерес
08.03.2024г.
Јакнењето на врските со иселениците како предуслов за повисок економски раст
Третиот сет мерки од планот Визија за забрзан раст на Македонија се однесува на подобро искористување на потенцијалот на дијаспората.
- Македонија се соочува со силни емиграциски движења и намалување на бројот на населението, што предизвикува се поголем недостиг на работна сила, појава која веќе е пречка за економскиот развој на земјата. Едно од решенијата за ваквиот сериозен предизвик е да се креираат можности со кои ќе се олесни повратот на иселениците во нивната татковина. За тоа ние како организација нудиме конкретни мерки и политики кои државата може веднаш да ги спроведе, изјави Боријан Борoзанов, членот на Одборот на директори на Македонија 2025.
Градење на врски со нашите иселениците е државен интерес и за тоа имаме консензус. Во програмата на МK2025 се предлагаат мерки со кои ќе се засилат овие реалации и да се олесни репатријација и да се засилат економските и културни врски. Меѓу нив се олеснување и дигитализацијата на процесите за престој и добивање на визи преку дозвола за престој на лица од македонско потекло до 4-та генерација наназад, воведување на административна виза за богатите држави и е-виза, како и за одобрување на пензионерска виза за лица со македонско потекло и развивање на сеопфатен систем за поддршка на иселениците за преселба, инвестирање и пензионирање во Македонија.