Општество

Наградени најдобрите учеснички во „Предизвик за средношколки“

ЕВН Македонија го закружи својот предизвик за средношколки „Приклучок за вештини“ со доделување награди на најдобрите учеснички, симболично на Меѓународниот ден на жената. Во овој предизвик беа вклучени ученички од 3 и 4 година од сите средни училишта кои се желни да научат повеќе, да ги развијат своите способности во техничкиот сектор и да ги покажат своите квалитети преку разни проекти.
 
Првонаградените и од тимскиот и од индивидуалниот предизвик добија парични награди од по 100.000 денари, второнаградените добија нови лаптопи, а третонаградените - таблети.
За време на настанот, на средношколките им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Wolfgang Maier и менаџерот во ЕВН Македонија Електрани, г-дин Saso Stojkoski.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано