Општество
Програма за развој на извршни директори - Зафировски
15.03.2024г.
Програмата за развој на извршни директори - Зафировски ја нуди EDP - Executive development program во соработка со Келог Школата за менаџмент, САД. Оваа програма која се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмата за обука на извршните директори е дизајнирана во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство преку внимателен баланс на функционално знаење, стратешко размислување, ставајќи акцент на меѓучовечки и лидерски вештини.
За повеќе информации за самата програма, критериумите, начинот на аплицирање, селекцијата, но и споделени лични искуства од поранешни учесници, посетете ја веб-страница на Македонија2025, односно отворениот повик
ТУКА.
Повикот е отворен до 1 април 2024 година.