Општество
ЕВН Македонија со „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“
15.03.2024г.
ЕВН Македонија го освои првото место во категоријата „Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање“, како и првата награда за „Најдобра веб страна за плаќање на сметки“ за корисничкиот портал ЕВН онлајн (www.evnonline.mk). Свечениот настан за доделување на наградите и прогласување на победниците се одржа вчера, наградите се однесуваат на 2023 година, а се огранизираше од страна на Асоцијација за е-трговија на Македонија | Macedonian e-Commerce Association.
ЕВН преку оваа онлајн платформа на корисниците им нуди интегрирани услуги за олеснето добивање, преглед и плаќање на фактурите за електрична енергија. Меѓу другите услуги, корисниците можат и да ја пријават состојбата на своето броило или да платат повторно приклучување на електродистрибутивната мрежа.
Онлајн услугите на ЕВН датираат од почетокот на 2013 година. Интересот на корисниците постојано е во раст – уште од самиот почеток, но врвот се достигна за време на првите месеци на пандемијата. Во моментов околу 300.000 корисници месечно ги користат услугите за плаќање. ЕВН и во иднина ќе продолжи со надградба на дигиталните решенија за унапредување на целокупното корисничко искуство.