Општество
Во светот се зголемува е-отпадот
20.03.3024г.
Електричниот и електронскиот отпад се зголемува во светот, а стапките на рециклирање во иднина ќе бидат ниски, се наведува во извештајот на Меѓународната унија за телекомуникации на Обединети нации и истражувачката група УНИТАР.
Според извештајот на ОН во 2022 година во светот се „произведени“ околу 62 милиони тони „е-отпад“, а оваа бројка може да порасне на 82 милиона тони до 2030 година.
Како е-отпад се смета секој отфрлен апарат со кабел или со батерија, како што се мобилни телефони, електронски автомобили и играчки, телевизори, е-цигари, лаптоп компјутери или соларни панели, пренесува АП.
фото freepic