Општество
Хрватска подготвува нова станбена политика
25.03.2024г
Субенции за изнајмувачите на станови и пренамена на напуштени објекти
Субвенции за изнајмување на станови до висината на пазарната цена, активација на имотот и модифицирана програма за поттикнување на изградбата на станови се дел од моделите кои се разгледуваат во новата концепција за националниот план за станбена политика во Хрватска. Станува збор за станбена стратегија со која ќе им се овозможи на граѓаните полесна и побрза достапност до сопствен дом за живеење. Според податоците на Државниот завод, во Хрватска има 600 илјади ненаселени станови.
- Високата стапка на раст на цените на недвижностите, а посебно на становите не е карактеристика само за Хрватска. Цените растеа во сите земји во ЕУ во првите години од пристапувањето на новите членки, а посебно во земјите од Медитаранот, изјави Бранко Бачиќ, потпретседател и министер за просторно уредување и градежништво и државен имот.
Во новата станбена политика се предвидува на сопствениците на станови, кои би влегле во оваа програма, да им се понуди буџетска субвенција меѓу прифатливата и договорената цена за изнајмување. Сопствениците на станови треба да имаат договор со изнајмувачите на период од пет до десет години.
Вториот модел се однесува на брза активизација на неперспективните недвижнини, како што се касарните, училиштата и напуштените објекти кои можат да се пренаменат во простро за живеење.
Поттикнувањето на снанбената изградба е третиот модел и предвидува забрзана процедура во носење на урбанистичките планови за изградба на нови станови, објави Лидер медија.
фото freepic