Општество
Шест отсто од граѓаните во Германија живеат од надомест за невработени
03.04.2024г.
Над 34 милиони лица од работно способното население во Германија може само да го финанасира својот живот. Околу 76 отсто од граѓаните на возраст меѓу 25 и 64 години можат со сопствен труд да ги покриваат трошоците за живот, соопштија од Сојузниот статистички завод во Визбаден.
Околу осум отсто од германските граѓани живеат со поддршка на своите партнери, а од надомест за невработеност живеат шест отсто од населението. Секој стоти жител во Германија живее од приходи кои доаѓаат од располагање со имотот или со изнајмување на недвижен простор.
Постојат разлики во начинот на финансирање на трошоците за живот во зависност од полот. Бројот на мажите на возраст меѓу 25 и 64 години кои самите можат да се грижат за своите финансиски потреби учествуваат со 85 отсто, додека 69 отсто од жените можат самите да ги покриваат своите трошоци на живот. Разлика има и кај мигрантите кои сами се финансираат за животот или 67 отсто, додека 80 отсто од староседелците во Германија имаат доволно приходи за живот.
Околу 55 отсто од жените мигрантки самите ги покриваат трошоците за живот, а кај жените кои се без мигрантско потекло тој процент изнесува 74 отсто, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic