Општество

Во Словенија ќе се гради пловечка соларна електрана

Словенечката државна компанија Холдинг словенечки електрани –ХСЕ ќе постави пловечки сончеви панели на дел од вештачкотоДружмирско езеро. Капацитетот на сончевата електрана ќе достигне 140 мегавати, а локацијата ќе биде близу термоелктраната за јаглен.

Во рамките на програмата за постепено напушптање на јагленот ХСЕ се посветува на алтарнативните решенија за снабдување со енергија. Државната електрана се заложи за заштита на екосистемот во вештачкото езеро, а ќе овозможи и пристап на луѓето за водени спортови. Вештачкото езеро е настанато кон крајот на минатиот век поради слегнување на теренот во делот на подземниот рудник за јаглен, а се наоѓа во близина на  Термоелектраната Шоштањ (ТЕШ).

Националната стратегија на Словенија предвидува фазно намалување на употребата на јаглен на нула до 2033 година, објави Балкан грин енерџи њуз.


 

 фото balkangreenenergynews.com/

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано