Општество
Шпанија ги укинува златните визи за странските инвеститори
09.04.2024г.
Шпанската влада ја прекина приграмата за одобрување на златни визи за инвеститорите во недвижности од трети земји за да ја спречи кризата со недостигот на станови. Целта на владата во Шпанија е да го оневозможи шпекулативното тргување со недвижности, изјави премиерот Педро Санчез.
Програмата за одобрување на златни визи од 2013 година им овозможуваше на државјаните од земјите кои не се членки на Европската Унија да добијат право на престој во Шпанија ако купат недвижност во вредност од најмалку 300 илјади евра. Овие поволности се однесуваа и за финансиските инвестиции од најмалку милион евра вложени во компании или два милиони евра во државни обврзници.
Во време на економската криза со слични законски регулативи излегоа и другите земји во ЕУ, но се појавија критики дека тоа влијаело на растот на цените на недвижностите.
Шпанскиот премиер, кој припаѓа на социјалистите, изјави дека состојбата е посебно тешка во градовите: Мадрид, Барцелона, Малага и Валенсија, како и на Балеарските острови.
Спопред службените податоци, во Шпанија се издадени повеќе од пет илјади златни визи од 2013 година, а две илјади се однесуваат на кинески инвеститори, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic