Општество
Младите со повисоки плати најчести купувачи на станови
14.04.2024г.
Помладите лица на возраст до 30 години и со подобро платени работни места во Србија се повеќе се јавуваат како купувачи на станови во 2023 година. Во втората половина на минатата година во Србија е забележан тренд на смирување и стагнација на пазарот на недвижности за домување во големите градови, иако цените за еден квадрат сè уште се високи. Меѓу купувачите на станови на прво место се вработените во ИТ индустријата, кои купуваат на кредит, објави „Еуроњуз Србија“.
Според податоците на Републичкиот геодетски завод во првата половина на 2023 година, младите до 30 години се јавуваат во 15 отсто како купувачи на станови. Во 2019 година нивното учество изнесувало 7,9 отсто. Младите купувачи се на возраст од 25 и 30 години и имаат работен стаж од 3-4 години и се на подобри позиции во фирмите во кои работат. Меѓу нив се и младите брачни парови.
Станот го купуваат на кредит поради повратот на ДДВ што се одобрува при купување на прв стан. Најчесто младите купувачи се одлучуваат за стан до 50 квадратни метри и во вредност до 120.000 евра, кои се во рамките на нивната куповна моќ. Меѓу купувачите се и лица кои завршиле економија, право или машински факултет.
фото freepic