Општество
Во Луксембруг има најголема родова рамноправност во платите
15.04.2024г.
Просечната разлика меѓу месечните лични примања меѓу мажите и жените во земјите од ОЕЦД изнесува 11,6 отсто во корист на посилниот пол. Во ниту една земја во светот жените не се платени повеќе од мажите. Најголема родова рамноправност во платите е остварена во Луксембург и разликата во платите изнесува само 0,4 отсто. Намалувањето на јазот во платите во Луксембург се должи на напорите на власта во оваа земја да се направи еднаквост во наградувањето на работниците од двата пола. Од 2016 година фирмите кои не ги почитувале законите за еднакви плати се казнуваат со казни од 251 до 25.000 евра.
Најголема разлика во платите во земјите од ОЕЦД е забележан во Јужна Кореја со 31,2 отсто, по неа следи Израел со 25,4 отсто. Нееднаквоста во платите се изразени во ИТ индустријата, која е добро развиена во овие земји.
Според процените на Светската банка, на глобално ниво разликата во плати меѓу половите изнесува 20 отсто, пренесе „Бизнис.рс“.
фото freepic